Кафето (науч. Coffea) е род на цветни растенија чиишто семки, наречени „кафени зрна“, се употребуваат за приготвување на кафе. Растението ѝ припаѓа на семејството Бросови и има облик на грмушка или мало дрво, а води потекло од тропските и појужните делови на Африка и Азија. Зрната на кафените растенија се меѓу највредните и најтргуваните стоки во светот и се од големо значење за стопанствата на неколку земји како извозна стока. Листовите и надворешноста на плодовите во некои места служат и како храна. ...
Прочитајте повеќе на ВикипедијаНапишете симптом или болест и прочитајте за билки што можат да помогнат, напишете билка и видете болести и симптоми против кои се користи.
* Сите информации се базираат на објавени научни истражувања