Црн слез е растение од фамилијата Malvaceae.
Растението има стебло високо од 20 до 150 cm, растечко нагоре или легнато, најчесто разгрането и во основата вдрвенето. Листовите имаат облик на дланка, на 3-5 места прстесто врежани, поставени на долги дршки. Цветовите се многубројни, по 2-6 или повеќе во пазувите на листовите во гроздовидни соцветија и светловиолетови по боја.
Напишете симптом или болест и прочитајте за билки што можат да помогнат, напишете билка и видете болести и симптоми против кои се користи.
* Сите информации се базираат на објавени научни истражувања