Огнен трн – бодлива, зимзелена грмушка од Медитеранот. Листовите се овални, цветовите бели, а плодовите црвени, собрани во густи, штитовидни соплодија. Во Македонија местимично се среќава во најтермофилните шумски заедници.
Огнениот трн во природа расте во јужна Европа, на Крим, Кавказ и во Мала Азија.
Огнениот трн е широко разгранет, трновит џбун кој во природата расте до 2 м висина и исто толку во ширина. Одгледуван може да порасне и повеќе од 4 м, поретко и до 6 м. Крошната му е густа, со мноштво ...
Напишете симптом или болест и прочитајте за билки што можат да помогнат, напишете билка и видете болести и симптоми против кои се користи.
* Сите информации се базираат на објавени научни истражувања